Ѓукановиќ: Црна Гора ќе добие покана за членство во НАТО во 2015 година

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора ќе добие покана за членство во НАТО во текот на следната година.

Тој е убеден дека Самитот на НАТО во Велс е последен на кој Црна Гора учествува како земја аспирант.

– Сите оценки кои ги слушнав укажуваат дека тие регистрирале прогрес и оти веруваат оти Црна Гора во текот на 2015 година ќе добие покана за членство, истакна Ѓукановиќ, кој на покана на генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмуесен учествува на 26. Самит на НАТО во Велс.

Ѓукановиќ посочи дека Црна Гора паралелно со зачленувањето на НАТО го динамизира процесот за европска интеграција.

Би можело да ве интересира

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Трамп повторно им се закани на членките на НАТО

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

А1он

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ