Ѓилас до Меркел: Земи го Вучиќ со себе, сега кога ја напушташ политиката

Од:

Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, и порача денеска на германската канцеларка Ангела Меркел „дека би било фер сега кога ја напушта политиката, со себе да го земе и Александар Вучиќ бидејќи го донесе на власт и постојано го одржува на власт“, објави агенцијата Бета.

– Меркел е историска фигура, која означи една епоха на Германија и Европа. Многу работи ќе останат зад неа, но како наследство ќе останат и Орбан, Јанша и Вучиќ. Со нејзина поддршка тој дојде на власт, таа го доведе на власт, изјави Ѓилас пред зградата на Претседателството на Србија, каде им се обрати на новинарите во врска со противтужбата поднесена против него од претседателот Вучиќ.

Ѓилас посочи дека тогашниот претседател Борис Тадиќ, во присуство на Меркел, одби да ја повлече полицијата од северот на Косово, но, како што нагласи, Вучиќ го прифати тоа, по што ги повлече судовите и направи многу други работи.

Според него, „за возврат, Меркел и поголемиот дел од Европа не го гледаат уништувањето на институциите, демократијата, слободата во Србија“.

Ѓилас истакна дека очекува на изборите во Германија победа на социјалдемократите, нова германска влада, „која навистина ќе се занимава со цела Европа и овој регион“.

– Ајде да излеземе од лицемерниот однос. Ако навистина сакате овој регион и Србија да бидат дел од Европската унија, ајде да работиме заедно. Ако не сакате, престанете да ги усвојувате извештаите на Европската комисија кога нема никакви последици за оние што ги кршат сите европски норми, додаде Ѓилас, во пресрет на денешното пристигнување на канцеларката Ангела Меркел во Белград.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски