Германските и американските служби уште во 1977 планирале да ја поделат Југославија на сфери на влијание

Од:

Откриен е таен документ на ЦИА и германските разузнавачки служби БНД во кој се говори за повторно цртање на границите на Југославија и албанските земји во регионов.

Секретарот на ЦИА овој документ го класифицирал како доверлив, а тој наводно е “нацртан” во Минхен во 1977 година на состанок меѓу агенти на ЦИА и БНД. Со планот се предвидувало поделба на Југославија на два блока: блок кој би бил под германско влијание и блок кој би бил под американско влијание.

Документот кој го објави британски “Телеграф” покажува дека договорот на ЦИА и БНД ја дели СФРЈ на три колонии, односно сфери на интерес. Сличен образец е направен и за време на Втората светска војна. Според овој документ, големите сили ја делат Југославија на овој начин:

Словенија, континентална Хрватска, Истра, северна и западна БиХ ќе станат зони на германско влијание, додека Далмација, Црна Гора, Косово, дел од Рашка, Прешевска долина и Македонија ќе припаднат на САД и нивното влијание. Војводина и јужен Банат ќе припаднат на Унгарија и ќе бидат под нејзина контрола.

Територијата независна Србија би била денешна Србија, без целиот јужен дел и без Војводина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки