Германската дипломатка Кристиjанe Хоман е назначена за следен амбасадор на Европската унија во Албанија, на местото на Италијанецот Луиџи Сореца, кој ја напушти функцијата во април, јавија албанските медиуми.
Хоман, се приклучува на делегацијата на ЕУ во Тирана по долгата кариера во германското Министерство за надворешни работи.
Според Ора њуз таа моменто е амбсадор на Германија во Естонија од 2019 година, а претходно две години амбасадор во Босна и Херцеговина.
Хоман имала дипломатски позиции во САД, Камерун и Европската комисија во Брисел. Помеѓу 2013 и 2016 година, таа беше шеф на оддел во германското Министерство за надворешни работи. Се очекува Хоман да стапи на функција во Тирана во септември.
Извор: МИА