Одборот за европски прашања на германскиот Бундестаг даде зелено светло за отворање на првите две преговарачки поглавја во пристапните преговори на Србија и ЕУ.
Според претходните најави, прво ќе бидат отворени поглавјата 32 и 35, кои се однесуваат на финансиската контрола, односно Косово.
Претседателот на Одборот, Гунтер Крихбаум на канцеларката Ангела Меркел во писмо и соопштува дека одборот и препорачува првите две преговарачки поглавја да се отворат на следниот самит во декември, со што завршува парламентарната постапка во Германија.
Одлуката е донесена на вонредна седница на Бундестагот, а неа и претходеа серија советувања за најновиот извештај на Европската комисија за напредокот.
-Ова е јасен сигнал за земјата која се движи во правец на Европа и покажува дека пристапот на премиерот Александар Вучиќ е исправен, рече Крихбаум.
Тој кажа дека дека на Србија местото и е во Европа и дека треба да продолжи да чекори по тој пат.