Геј парада во Сплит

Од:

Денеска во 13 часот во Сплит ќе започне геј-парадата на која, според организаторот ќе се соберат околу 300 учесници.

Парадата ќе ја обезбедуваат 900 припадници на полицијата, со вклучена хеликоптерска поддршка.
Министерот за внатрешни работи, Рајко Остоиќ ќе ја предводи полициската поворка и гарантираше дека сигурноста ќе биде на високо ниво.

Тој го забрани антигеј протестот кој требаше да се одржи.

Хрватскиот премиер, Зоран Милановиќ апелираше на толеранција за парадата, изјавувајќи дека секој има право да биде различен и да го искаже својот став јавно. Тој додаде дека различноста треба да се почитува.

Минатата година парадата ја оцрнија големите нереди, поради кои е и зголемен бројот на обезбедувањето. Годинава еден учесник на парадата ќе го чуваат дури три полицајци.

Организаторите се надеваат дека ќе се соберат поголем број луѓе, меѓу кои и некои владини преставници и пратеници. Тие очекуваат се да помине во најдобар ред. Парадата треба да заврши во 18 часот.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб