Фронтекс: Постои опасност од шверц на оружје од Балканот

Од:

Европската агенција за заштита на надворешните граници (Фронтекс) предупреди дека постои опасност од интензивирање на шверцот со оружје од балканските земји.

Како што објави виенскиот весник „Курир“, Фронтекст во свој извештај наведува дека во државите од просторот на некогашна Југославија „лесно може да се дојде до „Калашникови“ и бомби“.

Според проценките на Агенцијата, само на територијата на Босна и Херцеговина има околу 800.000 илегални парчиња оружје.

– Блиската соработка и размената на информации меѓу безбедносните служби е решавачка за борба против шверцот со оружје, оценува Фронтекс.

Агенцијата потестува дека во терористичките напади во Париз минатата година и во Брисел пред две недели терориситте беа вооружени со „Калашникови“ за кои посотојат индиции дека потекнуваат од Балканот.

– Проблемот со илегалната трговија на оружје од Балканот е познат веќе подоглго време, а Фонтекст сега укажува дека ризикот за шверц е зголемен со приливот на бегалците, наведува „Курир“.

Би можело да ве интересира

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа