Француските медиуми за посетата на Макрон на Србија: Можна потврда на договорот за купување на 12 „Рафали“

Од:

Француските медиуми денеска ја пренесоа веста за посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Србија со оценка дека при посетата може да се склучи договор за продажба на 12 француски авиони „Рафал“.

Како што пренесува Монд, посетата на францускиот претседател на Србија се случува во време на политичка криза во Франција.

Медиумите ја цитираат и изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој рече дека договорот за продажба на авионот се работи веќе неколку дена, како и дека Макрон ќе посети музеј и економски форум посветен на вештачката интелигенција во петокот во Нови Сад, но дека авионите „Рафал“ предизвикуваат најголем интерес во Србија.

Би можело да ве интересира

Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба

Макрон: Зеленски не може да се согласи на прекин на огнот додека проектили паѓаат врз Киев

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци