Франција: Ние не ја уценуваме Србија, тоа не е наш стил

Од:

Амбасадорот на Франција во Србија, Пјер Кошар, во интервју за Танјуг вели дека ЕУ не се води од логиката на уцена во односите со Белград, дека тоа не е нејзин пристап.

Тој нагласи и дека документот што тој и амбасадорите на Квинта му го предале на претседателот Александар Вучиќ се однесува на прашањето за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички на Косово и повикува на дијалог.

„Во тој документ повикуваме да се одложи примената на одлуката за пререгистрација на српските возила, одлука чија легитимност не ја оспоруваме и повикуваме да се избегнува се што може да ги зголеми тензиите“, рече Кошар, одговарајќи на прашањето дали документот што Квинта му го предаде на Вучиќ е кохерентен со француско-германскиот предлог за решение на косовското прашање.

„Тоа се два документи кои се однесуваат на различни теми, во предлогот на францускиот претседател и германската канцеларка беше изразена волја за обновен моментум и важни теми во дијалогот кои би овозможиле нормализација, што е многу поважно од регистерски таблички, посочува Кошар, на прашањето дали во француско-германскиот предлог се споменува рок за постигнување договор, Кошар одговара дека нема датум.

Франција, секако, е свесна за специфичната ситуација во која се наоѓа Србија, ние го почитуваме тоа, ја поздравуваме и осудата искажана од Белград поради руската агресија во Украина, во меѓународните организации, но исто така сме убедени дека ништо во таа специфична ситуацијата, вклучително и болното сеќавање на бомбардирањето во 1999 година, не треба да биде пречка за нас да најдеме заеднички јазик за суштинските прашања, додаде Кошар.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Лончар: Во Србија пристигнуваат уште 12 пациенти од Македонија

Предраг Петровиќ

Повредените со изгореници се во шок соба на ВМА во Белград

Катерина Ѓуровски

Вторник е ден на жалост во Србија поради жртвите во Кочани

Две млади момчиња паднале од ѕид во близина на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград

ВИДЕО: Опозициски хулигани ги нападнаа студентите редари