Фотографиите на возачот во рацете на српската полиција

Од:

Фотографии на возачот,   кој  во петокот вечерта се обидуваше да ја пресече колоната  , во која  беше претседателот Томислав Николиќ , се во рацете на полицијата, пренесе  “Новости”.

Извори на весникот  велат дека две слики се симнати од камерите на патарината кај Бубањ Поток  и кај исклучувањето за Смедерево, на автопатот Белград – Ниш. Тие во моментов се “чистат “, со цел да  се утврди идентитетот на возачот.

Потврдено е  дека возилото, што го  предизвика инцидентот, припаѓа на сообраќајната полиција, но го користи генералот Драгиша Симиќ.

Од доставените фотографии кои се со лош квалитет, но не е јасно дали  е во петокот вечерта зад   воланот бил неговиот возач Саша Пејовиќ, или генералот,  но  во Министерството за внатрешни работи велат  дека наскоро ќе бидат расчистени дилемите.

Истрага  спроведува и Дирекцијата на  полицијата, бидејќи тоа не  само  сообраќаен прекршок, туку и  закана  за безбедноста на важен владин претставник. На генералот  Драгиша Симиќ, и  на неговиот возач, им беше наредено да  напишат  во детали што се случувало на автопатот.

Во Претседателството на Србија велат дека не биле известени за  истрагата.

Драмата  на автопатот се случи т во петокот вечер, кога џипот на  Сообраќајна полиција тргна накај  конвојот во којј беше претседател Николиќ, кој беше на чело на Крагуевац. “Натрапникот ” во неколку наврати се обиде да ја  “пресече” придружбата , и во еден момент, телохранителите   на претседателот го репетираа  нивното оружје. За среќа, сериозни последици се избегнати , бидејќи џипот се сврте кон  Смедерево.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје