ФОТО: Водата се повлече од улиците на Параќин и остави хаос

Од:

Последиците од поплавите во Параќин, поради излевање на реката Црница се застрашувачки, бидејќи водата зад себе остави многу поплавени објекти, смет и лешеви од животни. По повлекување на реката Црница, во Параќин е хаос.

-Уништени ми се три куќи, целото домаќинство. Спасив што можев. Замрзнувачот, шпоретот, се е под вода. Водената стихија дојде многу бргу, водата беше висока четири метри- вели Мирослав Стојановиќ од центарот на Параќин.

10364486_10203862260022837_1212433154_n

Како што пренесе „Блиц“ екипи од бугарски специјалци, помагаат во црпење вода од трафостаниците, со цел што поскоро да им се обезбеди струја на граѓаните.

-Дојдовме од Бугарија за да му помогнеме на поплавениот народ во Параќин. Ќе се потрудиме да се нормализира животот, што побргу- велат спасувачите од Бугарија.

Инаку водата во градот не е за употреба, поради што се поставени цистерни.

10385180_10203862259942835_840959537_n

-Приоритет е да обезбедиме струја, а потоа ќе го решиме и водоводот. Поради исклучената струја немаме исправна вода за пиење. За два-три дена ќе го доведеме градот во ред- рече претседателот на општина Параќин, Саша Пауновиќ.

Луѓето од Параќи се самоорганизираа и им помагаат на загрозените. Под вода се уште се населбите Данково и Врапчане, како и околните села.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица