ФОТО: Тешка сообраќајка помеѓу воз и автобус во Хрватска

Од:

Едно лице загинало, а 15 се повредени, од кои девет потешко, во судар на воз и автобус кај Дрниш во Хрватска денеска околу 8.30 часот.
До несреќата наводно дошло кога возот кој надоаѓал удрил во автобусот на железничкиот премин на кој не била спуштена рампата.
Возилата се судриле помеѓу местата Бадањ и Сивериќ, околу 500 метри пред преминот кај Дрниш кога возот од правец на Книн удрил во автобус на Аутотранспорт Шибеник кој се движел од Книн кон Дрниш.

Screenshot_5

Сите повредени, кои биле патници во автобусот, се хоспитализирани во Општата болница во Шибеник.

Screenshot_4

Полициската истрага за несреќата се уште трае, но според првичниве сознанија, најверојатна причина за судирот е неисправноста на рампите на пругата, кои не се спуштиле со надоаѓањето на возот.

Фото: Индекс

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски