ФОТО: „Тајна“ геј парада се одржа во Србија

Од:

Под мотото „Покажи гордост, тестирај ја совеста“, речиси стотина ЛГБТ активисти прошетаа по центарот на Белград по повод 27 Јули, Меѓународниот ден на гордоста. Собирот го обезбедуваа околу 30-тина полицајци, за да не дојде до некој посериозен инцидент.

Boban-Stojanovic-gej-protest-ispred-Filozofskog-fakulteta-2

Според Бобан Стојановиќ, извршен директор на „Квир центарот“ целта на ваквиот собир е да се пружи поддршка на реформите во образованието, а воедно и да побараат оставка на министерот за образование Жарко Обрадовиќ.

Boban-Stojanovic-gej-protest-ispred-Filozofskog-fakultetaТој вели дека анализата на учебниците се уште покажува висок степен на хомофобични содржини, со кои хомосексуалноста се уште се поистоветува со болест, педофилија и зоофилија.

Gej-parada-u-Beogradu

– Денот на гордоста се одбележува во знак на сеќавање на бунтот на ЛГБТ заедницата против системот кој репресивно се однесуваше кон припадниците на оваа заедница. Со оваа акција сакаме да го задржиме критиќкиот однос кон институциите во општеството – изјави Стојановиќ.

Gej-parada-u-Beogradu-21

Тој додаде дека иако ЛГБТ заедницата се изборила за одредени права, сепак образованието е еден од клучните фактори за создавање на отворено општество.

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси