На протестите на јужната страна од мостот во Косовска Митровица, одржани поради незадоволство од изградбата на Паркот на мирот, денеска имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Стотици луѓе се собраа на јужната страна од мостот во градот во обид да протестираат, по што група демонстранти почнаа да фрлаат кон косовската поиција со камења.
Според приштински медиуми, припадници на косовската поиција на тоа одговориле со солзавец. Во немирите во кои демонстрантите се обиделе и да го пробијат кордонот, повреден е еден полицаец.