(ФОТО) Страшна автобуска несреќа во Србија, 26 повредени и петмина загинати

Од:

Во страотна автобуска несреќа што се случи рано изутринава во Србија загинаа петмина словачки туристи кои се враќале од одмор на грчкиот остров Крф. Според српската државна телевизија, несреќата се случила на околу 200 километри јужно од Белград, на автопатот Скопје- Белград.
soobrakajka 2

Во автобусот во моментот на инцидентот се наоѓале 29 патници и двајца возачи, а од 26-емина преживеани, 14 биле префрлени во најблиската болница.
Според првичните фотографии од несреќата, автобусот се превртел на десната страна, и уште не се знае причината за сообраќајната незгода.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Ниш и обвинителот на Основното јавно обвинителство во Алексенец вршат увид, а сообраќајот се одвива без прекини, по левата коловозна лента.
SOOBRAKAJKA

Би можело да ве интересира

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он