ФОТО: Приказни кои влеваат надеж на настраданите во поплавите

Од:

Во катастрофата која што го погоди регионот, светлите примери за пожртвуваност и солидарност влеваат надеж и го потврдуваат верувањето дека во секое зло има и нешто добро.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ како помош за загрозените од поплавите ја донираше целата своја парична награда која што ја освои во Рим, а тоа се 500.000 долари.

supportSrbija (5)

Човек од Грачаница, со насолзени очи, ги подари своите нови чевли и капутот.

supportSrbija (2)

Деветнаесетгодишната волонтерка од Црвениот крст од Чачак врати 2.500 евра на сопственик, кои што ги пронашла во тек на прием на хуманитарна помош за загрозените.

Студентот Милош Ериќ со трогателно писмо апелираше до младите средношколци, кои се подготвуваат за матурска прослава, парите за фустани и костуми да ги подарат на своите врсници кои што се загрозени од поплавите.

supportSrbija (3)

Алекса Бабиќ од Белград со своите пријатели покрена акција за собирање на играчки за најмладите во прифатните центри.

Непрофитната организација „Нахрани го кучето“ во Белград организира акција за собирање храна за животните, кои што се загрозени од поплавите и сите овие денови на „Фејсбук“, неуморно известува за тоа каде се наоѓаат незгрижени и смрзнати животни.

supportSrbija (4)

Ѕвездите на претстојниот фестивал МАД од Белград, Нене Чери, Џими Тенор и Круш, на своите официјални страни на „Фејсбук“ апелираа за помош на настраданите од поплавите во Србија и Босна.

Андријана Лима апелира до своите посетители на „Твитер“ да помогнат на настраданите во поплавите во Србија.

Доброволци поставуваат вреќи со песок и се обидуваат да го сопрат излевањето на реката, покрај шеталиште.

supportSrbija (1)

Познатиот холандски готвач Рудолф вон Вин, веќе е во Србија, за да им готви храна на загрозените во поплавите.

Спортисти од Србија од сите страни на светот испраќаат помош и апелираат до другите држави да му помогнат на населението кои е во поплавите изгуби се.

Поранешниот кошаркар на Партизан, Јан Весели не го заборави Белград и обезбеди голем пакет помош.

Ватерполисти, одбојкари, тенисери, па дури и навивачите на Ѕвезда и Партизан се обединија во едно, одбрана од поплавите и помош на загрозените луѓе.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица