Во едно од најзагрозените места во Србија по поплавите со катастрофални размери, Крупањ помош пристигнува од сите страни, па и еден Нигериец.
-Кевин од Нигерија, помага во Крушањ, а сите кои не сте во можност испратете СМС на 1003 -е пораката која покрај фотографија кружи на „Твитер“.
Во Крупањ две лица настрадаа, стотина куќи се урнати, од инфраструктурата речиси не остана ништо.
Се појавија одрони и тие во наредниот период се најголемата опасност. Голем број граѓани уште во недела ангажираа машини од Нови Сад и други градови и самостојно започнаа со санација на улиците.
Е. Г.