ФОТО: Народна Република Албанија

Од:

Патоказна табла односно знак на кој пишува Народна Република Албанија стои пред влезот на граничниот премин Свети Наум, на македонско-албанската граница.

Иако Албанија веќе е во НАТО, а државата одамна не е Народна Република, туку само Република Албанија, овде по се изгледа како да застанало времето, а оние кои се надлежни за поставување и промена на патоказни табли и сообраќајни знаци во земјава како да живеат во некое друго време.

Албанија, Народна Република се нарекуваше во времето на Енвер Хоџа, кој веќе одамна е само минато за нашиот сосед. Од другата страна на граница на влезот од Албанија во Македонија, стои знакот Република Македонија, а не Социјалистика Република Македонија, како што се нарекуваше Македонија во времето на поранешна Југославија.

Дали конечно овие знаци ќе бидат отстранети и на нивно место поставени нови ќе видиме.

 

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски