Најпознатата терористичка организација во светот ИСИС која успеа да ја стави во втор план Ал Каеда, објави нови мапи од својот иден калифат, во кој спаѓа и Македонија. Џихадистите кои се борат во Сирија и Ирак ја претставија картата на територии кои во наредните шест години планираат да ги освојат, пренесе „Радио Сараево“.
Според неа исламскиот калифат во кој владеат строги шериетски закони, ги опфаќа целиот Балкан, северна и централна Африка, па дури и дел од Кина, како и Блискиот Исток, добар дел од Унгарија и Австрија, Крим како и Шпанија.
Оваа терористичка организација беше доста активна минатата година, поради што освои неколку поголеми градови, а извештаите покажуваат дека голем број луѓе ширум светот се приклучуваат на силите на ИСИС.
Е. Г.