Разрешениот владиката Василије Качавенда на својот наследник во Владичанскиот дворец, во Бијелина, ќе му остави позлатен мебел, колекција од слики од најпознати српски автори и вредни сувенири од целиот свет.
Ова „парче небо на земјата“, како што го нарекува Качавенда или мал Версај е симбол на луксуз и однесување кое што не прилега на еден епископ, кој што е разрешен поради блуд.
Анонимни извори за „Блиц“ тврдат дека поранешниот владика се уште престојува во „своето царство“.
Уникатни теписи, позлатени лустери и гарнитури во стилот на француските кралеви, десетина оригинални слики од најпознатите српски автори се само дел од ентериерот.
Повеќето од овие скапоцености ќе бидат изложени во идниот музеј на епархијата.
Во склоп на манастирската црква Свети Василие изградено е и гробно место за Качавенда.
-Тој зборуваше дека сака и по смртта неговиот наследник кога ќе го отвори прозорецот прво да ја здогледа гробницата во која почива личноста што го изгради ова-вели извор од епархијата за „Блиц“.
Елена Георгиевска