Изложба на предмети кои Јосип Броз Тито ги добивал како претседател на CФРЈ, беше отворена вчера во Музејот на историјата на Југославија и ќе трае до 25 август, информира српски Блиц. Cкапоцените предмети, кои инаку се чуваат во фондот на музејот, ги претстави министерот за култура и информации, Братислав Петковиќ.
– Ако ги сметаме и подароците од Југославија, Тито добил околу 200.000 најразлични подароци. Многу од нив беше невозможно да се изложат, како животни, цигари, храна, пијалоци, дрва, вили … Овде се само предметите кои успеавме да ги идентификуваме, а кои имаат траен рок – вели Момо Цвијовиќ, кустос во музејот.
Фото Курир-инфо.рс