Имам стан од 90 квадрати, во кој живеем со соругата. Јованка би имала своја соба и сите услови за живот како да ми мајка. Подготвен сум и да помогнам во Германија да замине на лекување, изјави шеесет годишниот Арас Балиќ, кој живее во германскиот град Ринтелн.
Тој вели дека на овој чекор го поттикнале сеќавањата на поранешна СФРЈ.
-Постојано ги следам случувањата во поранешните југословенски републики. Така дознав и за здравствените проблеми , со кои што се соочува Јован Бароз, и веднаш почувствував обврска да и понудам дом во мојата куќа, барем една соба. Сега кога моите ќерки тргнаа по свој пат, мојот дом е доволно голем за да ја прими вдовицата на маршалот – вели Балиќ.
Овој Црногорец со потекло од Плав, детството и младоста ги поминал во Котор, каде што работел во хотел и како морепловец. Во Германија заминал во далечната 1981 година.
Првите седум години работел во рудници во Дортмунд, а потоа во градежништво и во фабрика за стакло, се до 1997 година кога доживеал несреќа на работното место, кога врз него паднало половина тон стакло. Во меѓувреме се оженил со Јасмина од БиХ. Тешко го доживеал распадот на државата која што ја сакал , пренесе „Блиц“.
-Во Германија имам успешен живот, но татковината секогаш ми недостасуваше. И денес за таа држава ме врзуваат силни емоции, така ќе биде додека сум жив. И моето семејство и семејството на мојата сопруга ги делат истите емоции, таа држава почиваше врз темелите на еднаквост, не беа важни верата и нацијата, туку каков човек си. Тоа се вредностите кои што и денес ги почитувам, и во тој дух ги воспитав и децата – вели тој.
Веста за понудата на Балиќ , до Јованка допре преку фељтонот за „ Титовата вдовица“ на авторот Жарко Јокановиќ, од „Блиц“.
-Јованка е воодушевена од понудата и грижата која што и ја покажаа бројни почитувачи. Таа му се заблагодарува на Арас Балиќ, пренесе Јокановиќ. Балиќ скромно ја прими благодарноста на некогашната прва дама на поранешна СФРЈ, и вети дека понудата никогаш нема да ја повлече.
Елена Георгиевска