Портпаролот на германската фондација „Фридрих Еберт“ (ФЕС) во Косово, Рене Шле изјави дека организацијата го завршила изготвувањето на статутот за Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО).
Како што пренесе БЕТА, Шле за Радио Косово изјави дека нацрт-статутот е подготвен за дискусија, но не појасни што содржи документот.
Во оваа фаза можам да потврдам дека го завршивме изготвувањето на статутот и во блиска иднина ќе се сретнеме со нашите партнери за да разговараме кога нацртот ќе биде јавно претставен, посочи Шле.
Засега нема коментар од Владата на Косово.
Извор: МИА