Фон дер Лајен: Словенија ќе добие најмалку 400 милиони евра помош од фондовите на ЕУ

Од:

Европската унија ќе стави на располагање најмалку 400 милиони евра за Словенија по разорните поплави, во кои загинаа шест лица и погодија десетици илјади домаќинства, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во северозападна и централна Словенија, додека армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ги расчистат улиците.

– Имаме добар пакет на итна, среднорочна и долгорочна поддршка за Словенија – рече Фон дер Лајен за време на посетата на поплавеното подрачје.

Таа додаде дека Словенија може да побара помош од ЕУ, која и става на располагање 2,7 милијарди евра и додаде дека 3,3 милијарди евра од другите фондови на Унијата кои веќе и се доделени на Словенија може да се пренаменат за итна помош по поплавите.

„Десетици илјади куќи се поплавени, а десетици илјади луѓе размислуваат како да ги преживеат следните недели и месеци“, изјави словенечкиот премиер Роберт Голоб.

„Нашата порака до нив е јасна – помошта ќе биде брза, ефективна и никој нема да биде заборавен“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Во поплавена Словенија: Спасувачите евакуираа бремена мајка и деца

Горан Наумовски

Словенечките реки останаa без риба: Поплавите предизвикаа еколошка катастрофа

Владата одлучи: Македонија испраќа 100 припадници на АРМ во хуманитарна операција во Словенија

100 војници најрано утре ќе заминат на помош во Словенија, се чека Владата да донесе одлука

A1on

(ВИДЕО) Силно невреме се движи низ Словенија, град побеле некои делови од земјата

(ВИДЕО) Катастрофа во Словенија: Пукна насип, во тек е евакуација на населението

Горан Наумовски