Филмска грабеж во Мостар: Вооружени и маскирани разбојници го пресретнаа обезбедувањето и ги украдоа парите

Од:

Полицијата во Босна и Херцеговина трага по разбојници кои вчера вооружени со автоматски пушки и маскирани запреле возило од обезбедување на приватна компанија во Мостар, па од обезбедувачите украле пари, службено оружје и мобилни телефони.

Разбојништво се случи вчера во Бишче Полее.

Како што јави Аваз, двајца работници од обезбедувањето на приватна фирма пријавиле во полиција дека биле ограбени од маскирани лица додека се движеле во Бишче Поле.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека припадници на полицијата веднаш излегле на местото на настанот и на макадамскиот пат меѓу два дуќани ги затекнале работници од обезбедувањето.

Им кажале дека се движеле по патот кон еден од дуќаните, при што им се приближило возило „лада нива“ кое ги удрило во браникот. Потоа од „ладата“ излегле две маскирани лица вооружени со автоматски пушки и им наредиле да ги предадат парите.

„Во тој момент им се приближува друго возило од кое со автоматски пушки излегуваат уште две непознати маскирани лица, кои им ги земаа парите и службените предмети и заминаа во непознат правец“, велат од Мполицијата.

Иако некои портали пишуваа дека се работи за украдена сума од милионски износ, од Министерството за внатрешни работи велат дека немаат такви информации, а се утврдува украдената сума пари.

Би можело да ве интересира

Разбојник со нож при неуспешен грабеж повредил продавачка

Лука Дончиќ е засега најновата жртва на софистицирани криминалци

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Почина 13-годишно девојче во Мостар, падна од шести кат од зграда

А1он