Фикрет Абдиќ земал три милиони евра од сметката на „Агрокомерц“

Од:

Некогашниот прв човек на компанијата „Агрокомерц“ Фикрет Абдиќ, кој во Хрватска отслужи затворска казна за воени злосторства, успеал да земе три милиони евра од сметката на оваа компанија во една банка во Виена, пишува босанскиот весник „Дневни аваз“.


Според весникот, Абдиќ, кој од затвор бил ослободен минатата година по издржување на две третини од казната, овие денови престојувал во Виена, каде на своја сметка префрлил пари од сметката на „Агрокомерц“.


„Дневни аваз“ тврди дека станува збор за износ од над шест милиони конвертибилни марки (3,069 милиони евра), а средствата биле на посебна сметка, која австриските власти ја замрзнале во 1995 година на барање од властите на БиХ.


Извори на весникот наведуваат дека сметката била деблокирана уште во 2003 година, а Абдиќ во Австрија се претставил како овластен потписник и на тој начин ги подигнал парите.


Директорот на Агенцијата за приватизација на БиХ Шухрет Фазлиќ потврдил дека постојат информации дека сметката на „Агрокомерц“ во Виена е испразнета, а во тек е истрага за утврдување што точно се случило.


Фикрет Абдиќ пред војната бил директор на „Агрокомерц“, а фирмата за време на воениот конфликт речиси целосно била ограбена.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина