Фајон: Нема опасност за Западен Балкан од механизмот за суспензија на безвизниот режим

Од:

Пратеничката во Европскиот парламент Тања Фајон денеска порача дека не постои опасност за земјите од Западен Балкан наскоро да биде применет механизмот што овозможува привремено воведување на визи за државите чии граѓани во поголем број доаѓаат како лажни азиланти во ЕУ.

Фајон, во соопштение за медиумите, оцени дека исходот од денешното гласање во Европарламентот за овој механизам „сериозно ја загрозува визната политика на ЕУ и односите со соседите, а посебно со земјите од Западен Балкан“.

Таа предупреди дека усвоениот механизам е „штетен и опасен“.

– Иако и натаму е значаен, сепак, бројот на азиланти од регионот (на Западен Балкан) всушност се намалува, така што земјите-членки на ЕУ немаат основа да бараат Европската комисија да го активира механизмот, истакнува Фајон во соопштението.

„За“ усвојување на механизмот гласаа 328 европратеници, 257 беа „против“, а 48 „воздржани“.

– Ова е катастрофа, многу сум разочарана, напиша је Фајон на својот Твитер налог непосредно по гласањето.

Таа, како членка на Комитетот за човекови слободи, правосудство и внатрашни работи на ЕП, ја водеше кампањата овој механизам да не биде усвоен, бидејќи не предвидува контролна улога на Парламентот во неговата примена, туку одлуката и ја препушта само на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот