„Фајненшл Тајмс“: Балканот е слабата точка на Европа

Од:

Балканот би можел да стане следното место на кое рускиот претседател Владимир Путин ќе ја манифестира својата политика на дестабилизација, оценува лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс“.

Весникот наведува дека на ваквата можност неодамна предупредила и германската канцеларка Ангела Меркел и дека таквото предупредување треба да се сфати многу сериозно.

– Во текот на оваа година би можело да се појави едно од следниве две сценарија. Кремљ може да се повлече од источна Украина и да се обиде да ги подобри своите односи со Западот или наместо тоа да преземе нова иницијатива со цел да го зголеми притисокот врз европските лидери и да го подели континентот на два дела, смета „Фајненшл Тајмс“.

Според весникот, маневарскиот простор на Русија во нејзиното опкружување е ограничено.

– Обемна воена операција во источна Украина би довела да големи човечки жртви и нови санкции. Тоа би ја уништило и новата Евроазиска економска унија, бидејќи сојузниците на Москва, Белорусија и Казахстан, јасно порачаа дека се против промена на границите, нведува весникот.

Во таков случај, според авторот на анализата, логиката неведува дека ако Русија сака да го зголеми притисокот врз Европа, тоа ќе треба да го стори надвор од територијата на некогашниот Советски Сојуз.

– Таквото сценарио го прави Балканот нова жешка точка. Русија сигурно не сонува да ги привлече Босна и Херцеговина или Албанија во својата сфера на влијание и никој на Балканот не сонува за приклучување во Евроазиската унија, наведува „Фајненашл Тајмс“, нагласувајќи дека главен трговски партнер на балканските држави е ЕУ, како и дека бизнисот на Балканот во Европа гледа нови инвестиции, а мигрантите – нов дом.

– Покрај тоа што е предворјето на ЕУ, Баланот е и слабата точка на бриселската дипломатија. Балканските банкарски системи се нестабилни. Ако големите бизниси поврзани со Русија решат да ги повлечат своите пари, може да дојде до масовен колапс и социјални немири и паѓање на прозападните влади. Тоа е иделаното место за притисок, ако Москва сака да ги натера Европејците да се почуствуваат непријатно, смета авторот на анализата.

Сепак, тој проценува дека дестабилизацијата на Балканот е ризичен проект и за самата Москва. – Русија на тие општества не може да им понуди ниту функционален економски модел, ниту привлечен политички систем. Не може дури ни да заработи многу пари, оценува „Фајненшл Тајмс“.

Според весникот, руските компании би биле најголемите губитници при секој обид на Москва за дестабилизиација на прозападните влади на Балканот.

– Искуството на украинската криза покажа дека олигарсите се сојузници на кои не може да се смета со сигурност. Тие немаат пријатели, туку само финансиски интереси и стравувања, се наведува во анализита на „Фајненшл Тајмс“.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија