Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Од:

Европскиот парламент изгласа резолуција со која се повикува на независна меѓународна истрага за наводни нерегуларности на изборите во Србија одржани на 17 декември 2023 година.

Необврзувачката резолуција на Европскиот парламент бара спроведување на меѓународна истрага за неодамнешните избори, испраќање експертска мисија и условување натамошна финансиска помош од ЕУ за Србија со подобрување на изборните услови.

За резолуцијата гласаа 461 европратеник, 53 беа против, додека 43 беа воздржани.

Резолуцијата беше изгласана пред конечниот извештај на ОБСЕ и ОДИХР за изборите во Србија.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он