ЕУФОР останува во БиХ уште 12 месеци, ситуацијата во регионот продолжува да претставува закана за светскиот мир

Од:

Ситуацијата во регионот продолжува да претставува закана за меѓународниот мир, па затоа воената мисија на ЕУ, ЕУФОР Алтеа останува во БиХ, се наведува во Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Со тоа се продолжува мандатот на ЕУФОР за нови 12 месеци, но се уште е неизвесно дали ЕУ ќе се согласи мандатот со воената мисија да биде со извршни овластувања или ќе побара ЕУФОР да се претвори во мисија за обука.

– Резолуцијата ги овластува земјите членки (ОН) да ги преземат сите мерки на барање на ЕУФОР или Генералниот штаб на НАТО и да помогнат во исполнување на нивната мисија. Резолуцијата признава правото на ЕУФОР и на присуството на НАТО да ги преземе сите неопходни мерки, со цел да се одбранат од напади или закани за напад, се вели во резолуцијата.

Резолуцијата била поддржана од 15 членови на Советот за безбедност.

Иако се проценува дека регионот останува закана за меѓународниот мир, сепак било констатирано дека БиХ е безбедносно стабилна и дека властите се покажале способни за справување со заканите.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

(ВИДЕО) Воени возила на ЕУФОР на улиците на Бања Лука

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор