ЕУ замрзнува 4,5 милиони евра од два проекти за помош на туризмот во БиХ

Од:

Европската унија замрзнува 4,5 милиони евра за два проекти за помош на туризмот во Босна и Херцеговина поради несогласувања меѓу босанските власти за нивното спроведување.

Проектите биле насочени кон стимулирање на еконосмкиот раст на земјата преку поддршка на мали и средни претпријатија и туризмот, двете најконкурентни економски области во Босна и Херцеговина.
Во јуни од истите причини беа замрзнати други пет милиони евра од фондовите на ЕУ, наменети за проекти во земјоделството и руралниот развој.

БиХ се уште има можност да постигне согласност за реализирање на проектите.

Советот на претставници од БиХ и ЕУ за искористување на средства од ИПА програмата ќе се сретнат на 10 септември со цел да одлучат дали проектите ќе бидат прекинати или нивната имплементација може да продолжи.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина