Директорот за Западен Балкан во Општата управа на Европската комисија Жан Ерик Паке денеска во Приштина изјави дека сите земји-членки на Европската унија се загрижени поради неуспехот на косовскиот Парламент да формира Специјален суд за воените злосторства на Ослободителната војска на Косово.
Тој наведе дека се надева дека Парламентот повторно ќе го разгледа предлогот. Паке го пофали ангажирањето на косовската Влада за формирање на Специјалниот суд.
Косовскиот премиер Исо Мустафа наведе дека Специјалниот суд е основа на патот кон интеграциите во ЕУ, дека ќе помогне во економскиот развој, за владеењето на правото и за намалување на невработеноста во Косово.
Тој се осврна и на визната либерализација потенцирајќи дека сите институции се ангажирани на тоа прашање и оти очекува позитивни упатства.