ЕУ: Во Сребреница имало геноцид

Од:

Ставот на Европската Унија е дека во Сребреница навистина се случил геноцид, а таа тема ќе се најде на дневен ред на средбата на претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо со српскиот претседател Томислав Николиќ.

„Европската Унија има јасен став и одлучно ги отфрла обидите за прекројузање на историјата“, истакна Пија Аренкилде Хансен, портопарол на Баросо, притоа осврнувајќи се на неодамнешната изјава на Николиќ, дека во Сребреница немало геноцид.

Според Хансен, во Сребреница имало геноцид, а потврда за тоа дале Хашкиот Трибунал и Меѓународниот суд на правдата.

Портпаролката на Баросо потврдила дека Сребреница ќе биде тема на разговор на претстојната средба на двајцата челници закажана за 14-ти јуни во Брисел.

Би можело да ве интересира

Забележани снајперисти на српскиот протест во Босна и Херцеговина

Горан Наумовски

Нова трагедија во БиХ: Ја уби сопругата, па се самоуби

Горан Наумовски

Девојка тешко претепана во хотел, уапсен е сопственикот на објектот

Трагедија во Мостар: Ги гледаше скоковите од Стариот мост, падна и почина

Горан Наумовски

За година и пол повеќе од 150.000 Руси влегле во БиХ

Земјотресот во Босна и Херцеговина, почувствуван и во Хрватска