ЕУ со нова седумгодишна стратегија за поддршка на граѓанскиот сектор во Западен Балкан и Турција

Од:

Генералниот директорат за проширување на ЕУ подготви насоки за поддршка на цивилното општество за земјите од Западен Балкан и Турција, кои подразбираат мониторинг, планирање и информирање за состојбата во ивештаите за напредокот на овие земји во периодот од 2014 до 2020 година.

Проектот за техничка поддршка на граѓанските организации (ТАКСО) во албанскиот главен град денеска и утре организира конференција насловена „Промоција на насоките за поддршка на граѓанските организации: Актуелна состојба и чекор кон набљудување, планирање и информирање за напредокот за периодот 2014-2020“ година, на која учествуваат преставници на ЕУ, на граѓанскиот сектор и на владите од земјите од Западен Балкан и Турција.

Од овие насоки ќе произлезат цели, резултати и индикатори за поддршка на граѓанските организации за да се следи напредокот на земјите поединечно, но и во целиот регион на Западен Балкан и Турција во следните седум години, јави известувачот на МИА од Тирана. Граѓанските организации ќе бидат вклучени во годишниот мониторинг на идникаторите и резултатите на земјата со поддршка на ТАКСО. Ќе се одржуваат годишни национални и регионални состаноци, на кои ќе бидат анализиран напредокот на граѓанскиот сектор и остварување на целите.

Никола Бертолини, одговорен за секторот за регионална соработка и програми во Директоратот за проширување на ЕК, истакна дека, насоките, кои се всушност стратегија на ЕК за поддршка на цивилното општество, опфаќаат две важни области како создавање услови односно околина што подразбира слобода на изразувањето и здружување, правна основа и финансиска поддршка  и, втората, градење на капацитети и односи со граѓаните.

– Се обидуваме да ги поддржиме граѓаните да учествуваат во креирањето на политиките, рече Бертолини, на денешната прес-конференција во Тирана. Пред нас, додаде тој имаме седум години финансиска поддршка, на политичкиот дијалог во земјите и развој на демократијата.

Процесот, потенцира тој, во континуитет ќе биде мониториран.

– Прпрват воспоставуваме алатки за мониторирање за да го набљудуваме што се случува. Медиумте се исто така дел од овој процес, рече Бертолини, посочувајќи дека за нив исто така ќе има одредени насоки. Сето ова, според него се прави, за да може што повеќе да се мапираат работите што се случуваат внатре во земјите.

Овие нови насоки треба да помогнат за имплементирање на стратегиите, во земјите каде што ги има, за поддршка и креирање на политики, дијалог и обезбедување постојаност и добра средина за развој на граѓанскиот сектор.

Скенирањето и следењето на состојбата ќе биде основа за планирањето на поддршката од страна на ЕУ за граѓанските организации, но и за обезбедување здрава средина за граѓански сектор по приклучувањето на земјата во Унијата. Од насоките треба да произлезат и подобри информации за напредокот на земјата во овој сектор, кои ќе станат дел од извештаите на ЕК. Во овој процес, според него, први партнери на граѓанските организации треба да бидат владините претставници.

Своите искуства со преку 80-те учесници од седумте земји и претставниците на Еу, ги сподели претставникот на најновата членка на ЕУ Хрватска Игор Видачиќ, кој смета дека е потребно владите да изградат стратегија за тоа што сакаат да постигнат со развојот на граѓанските организации, нагласи дека е потребен дијалог со цивилниот сектор, да се воспостават стандарди за меѓусебна консултација за креирање на одредени политики, како и да се создадат можноси за јавно финансирање на овие организации.

Ова, според него, е историска можност првпат на иста маса да седнат претставници на ЕУ, на владите од овие земји и граѓанскиот сектор.

На конференцијата учествуваат и претставници на македонската канцеларија на ТАКСО и на Делегацијата на ЕУ во Скопје, на неколку граѓански организации и владини претставници.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ