ЕУ: Подготвуваме вонредни планови за балканскиот коридор

Од:

Портпаролката на Европската комисија Мина Андреева изјави дека ЕУ моментално подготува изработка на вонредни планови за Грција и другите земји од балканскиот коридор, со цел да се избегне хуманитарна криза.

Според Андреева изработка на вонреден план за бегалскиот проблем во Грција барал претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, за време на состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел на 17 февруари, пренесува БТА.

ЕК тој план ќе го предложи утре и тоа ќе го стори еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Стилијанидес.

Станува збор за фондови кои обично се користат во случај на катастрофа во земјите надвор од Унијата, како што е помошта наменета за зоните на судири во Африка и на Блискиот Исток.

Андреева наведе дека Грција во соработка со ЕК веќе го завршила извештајот, кој се однесува на потребите на бегалците.

– ЕК внимателно ја следи ситуацијата и подготвува вонредни планови за да им помогне на Грција и на другите земји од т.н. балкански коридор, рече Андреева.

„Вол стрит џурнал“ пишува дека Стилијанидес објавил пакет помош од 700 милиони евра, наменети за следните три години, како и дека поголемиот дел е наменет за Грција.

Грчкото Министерство за миграции соопшти во неделата дека Атина побарала „450 милиони евра вредна опрема и персонал за привремени бегалски кампови“.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа