ЕУ подготвува предлог за укинувањето на роамингот со земјите од Западен Балкан

Од:

Европската комесарка задолжена за дигитална политика, Марија Габриел најави дека во мај ќе биде објавен план за укинување на роамингот меѓу земјите од ЕУ и Западен Балкан.

Таа најави дека ќе претстави детален пакет мерки на состанокот за проширувањето на забраната за наплата на роаминг во ЕУ, која се однесува на Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Комескарката сепак не може да каже колку време ќе помине пред договорот за укинување на роамингот меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе стапи во сила.

– Навистина ми е важно да не разгорувам очекувања кои не се изводливи и реални. На ЕУ за тоа и требаа десет години. Треба да останеме мирни и да го направиме тоа многу сериозно бидејќи очекувањата во регионот се огромни, истакна Марија Габриел

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ