ЕУ побара од Хрватска го укине законот што го спречува екстрадирањето

Од:

Европската унија побара од својата нова членка Хрватска да каже дали ќе го укине законот што го спречува екстрадирањето на лица осомничени за извршување убиства за време на комунизмот.

Во предвечерието на приклучувањето кон ЕУ, Хрватска донесе закон, според кој, европските налози за апсења се ограничуваат само за периодот по август 2002 година.

Еврокомесарот за правда Вивиан Рединг сега побара од Загреб до 23 август да одговори дали ќе го повлече законот, најавувајќи дека во спротивно ЕУ има намера да ги употреби сите свои расположливи механизми.

ДПА наведува дека меѓу можните мехнизми на ЕУ се и повлекување на европските фондови.

Уште со влезот на Хрватска во Европската унија, на 1 јули, во хрватската полиција пристигнаа првите европски меѓународни потерници.

Меѓу лицата по кои се распишани потерници е и поранешниот југословенски шпион Јосип Перковиќ, кој во Германија е обвинет за убиството на хрватскиот дисидент Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година.

Хрватските медиуми претходно коментираа дека заради законот што го спречува екстрадирањето, германскиот канцелар Ангела Меркел одбила да присуствува на свеченоста што се одржа во Загреб на 30 јуни по повод приемот на Хрватска во ЕУ.
Full article

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Два земјотреси го погодија Загреб: Имаше татнеж, па креветот многу се тресеше

Во Загреб: Се активираше свлечиште на влезот во претседателската палата, стигна реакција од кабинетот на Милановиќ

Германски овчар во Загреб каснал девојка и убил помало куче