ЕУ: Кој и да формира влада во Косово да продолжи со дијалогот со Белград

Од:

Кабинетот на високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон, наведе денеска дека кој и да формира влада во Косово, ЕУ очекува од нив да продолжат со дијалогот со Белград и воедно, да спроведува постигнати договори, објави весникот Зери.

– Очекуваме новите власти во Приштина да продолжат со дијалогот и имплементација на Договорот од 19 април 2013 година, изјави портпаролот Маја Коцијачич за весникот.

Иако еден од условите на Самоопределување е дијалогот со Србија да се стави во мирување, кандидатот на ДПК и АИК за косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека дијалогот ќе продолжи.

– Дијалогот со Белград нема да прекине. Напротив, треба да се види што може да добиеме од тој дијалог, изјави тој за приштинскиот весник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда