ЕУ ќе го разгледува проектот за изградбата на пругата Белград-Будимпешта

Од:

Проектот за изградба на брза железничка пруга Белград – Будимпештани ќе биде разгледуван од Европската комисија за да се утврди дали е во согласност со правилата за конкурентност на ЕУ, изјави портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич.

Модернизацијата и реконструкцијата на пртугата Белград – Будимпешта треба да започне утре, а во рамките на проектот првата делница на која започнуваат градежните работи е од Белград до Стара Пазова.

Планирана е реконструкција и на електротехничката инфраструктура со цел зголемување на брзината на движење на возовите на делницата Белград-Батајница до 120 километри на час, а од Батајница до Стара Пазова до 200 километри на час.

Работите ги изведуваат две кинески компании, а вкупната вредност на договорот изнесува 350,1 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија