ЕУ и Турција договорија акциски план за мигранти

Од:

Лидерите на ЕУ одобрија акциски план за да на Турција и се помогне да го сузбие приливот на имигранти, а за возврат ќе добие отстапки од Брисел, вклучително полесно добивање визи.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече по самитот на лидерите на 28-те земји дека Турција мора да ги исполни своите обврски, бидејќи „акцискиот план има смисла само ако се сузбие приливот на бегалци“.

Шефот на ЕК Жан-Клод Јункер рече дека лидерите на ЕУ се согласиле да ја забрзаат работата за полесно добивање визи за државјаните на Турција, но во исто време нагласувајќи дека ЕУ нема да прави компромиси околу своите стандарди.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави по состанокот на лидерите на ЕУ, дека Унијата разгледува финансиска помош за Турција од околу три милијарди евра, за да и помогне да ги задржи сириските бегалци на свое тло и да ги одврати од заминување во Европа.

Таа додаде дека лидерите се договориле да го ревитализираат процесот за прием на Турција во ЕУ и да отворат нови поглавја во преговорите, но без одлука за тоа кое поглавје ќе биде тоа.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина