ЕУ го почитува конструктивниот пристап на Белград и жали за одлуката на Приштина за гласањето на српските избори

Од:

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, во Брисел изјави дека ЕУ жали поради одбивањето на Приштина да го прифати договорот за учество на граѓаните од српска националност на Косово на изборите за парламентот и за претседател на Србија на 3 април, јави дописникот на МИА од Белград.

-Го почитуваме конструктивниот пристап на Србија во барањето решение и жалиме што не беше постигнат договор, откако Приштина го отфрли конструктивниот предлог на земјите од Квинта, изјави Петер Стано.

Портпаролот на ЕУ нагласи дека одлуката на Приштина е „спротивна на заложбите на Косово на нејзиниот европски пат и спротивна на принципот за заштита на правата на граѓаните, вклучително и на правата на малцинските заедници“.

Стано објасни дека ЕУ дејствувала како посредник во контактите на највисоко ниво со цел да се изнајдат практични решенија засновани на аналогија со практиката на гласање на претходните избори, но дека овие напори не успеале.

-Очекуваме Србија и Косово да се воздржат од изјави и потези кои ќе ги зголемат тензиите, да се однесуваат одговорно и да се вклучат во преговорите во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ, изјави Стано, додавајќи дека во овој момент не може да каже кога ќе има нова средба меѓу Белград и Приштина на највисоко политичко ниво.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен