ЕУ го осуди оружениот напад врз косовската полиција во близина на границата со Србија

Од:

Канцеларијата на Европската унија во Косово го осуди нападот со рачна бомба и калашников врз косовската полиција, што утрово се случи во близина на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во писмената реакција на мисијата на ЕУ упатена до медиумите нападот се оценува како неприфатлив и се повикува „да се избегнат шпекулациите кои можат да доведат до натамошно подигање на тензиите“ во државата.

-ЕУ во Косово остро го осудува насилниот напад врз патролата на пограничната полиција на Косово во општина Зубин Поток денеска наутро. Полицијата на Косово е главниот субјект кој нуди безбедност и секоја употреба на сила против полицајците е неприфатлива, се вели во реакцијата на ЕУ, која повикува „истрагата во врска со случајот да се изврши од страна на надлежните органи за спроведување на правото“.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на вонредна прес-конференција претпладнево информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничен премини со Србија во северно Косово, се нападнати утрово со рачна бомба и со калашников.

Свечља информира дека последните три дена во таа област се случиле четири напади врз косовската полиција и тоа еден со поставување метални ланци со шилци на националниот пат кој води кон границата, вториот со фрлање камења кон полициско возило, а синоќа и утрово со огнено оружје.

Косовскиот министер за нападот ја обвини српската држава, на која, според него, ѝ пречи „ангажирањето на институциите на Косово за воспоставување ред во секој дел од државата“.

Сепак, рече Свечља, целта на Белград не е да го нападне, туку да го дестабилизира Косово.

-Не се плашиме од никакво сценарио на Србија. Целта на Србија во овој момент не е да го нападне Косово, туку да го дестабилизира, изјави Свечља.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија