„ЕУ доби гаранции од Курти“-Борељ: Белград и Приштина постигнаа договор за документите

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борељ на својот Твитер профил објави дека Белград и Приштина постигнале договор.

– Како дел од дијалогот со поддршка на ЕУ, Србија се согласи да ги укине документите за влез/излез за оние кои имаат косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за оние кои имаат српски лични карти. Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги нивните лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Курти за таа цел – рече претставникот на ЕУ.

– Ова е европско решение. Им честитаме на двајцата лидери за оваа одлука и на нивното лидерство – додаде Борељ.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, им се заблагодари на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и на американската дипломатија за нивниот силен ангажман во поддршката на овој дијалог, кој се води под покровителство на ЕУ. . На Твитер Лајчак ја сподели објавата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борељ, кој напиша дека Белград и Приштина постигнале договор за лични карти.

Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно денеска, говорејќи за разговорите што се водеа претходните денови за Косово и Метохија, изјави дека нема договор за регистарските таблички, но дека се надева оти ЕУ ќе обезбедуваат гаранции за лични документи.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Вучиќ ги пречека земјоделците кои пристигнаа за саботниот митинг во Белград

Горан Наумовски

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Орбан со порака до Вучиќ: Не сте сами, може да сметате на унгарските патриоти