ЕУ демантира дека се откажала од предлогот за Белград и Приштина

Од:

Портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, ги демантираше наводите дека Жозеп Борел се откажал од предлогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Оваа информација во јавноста ја пласираше косовскиот премиер, Албин Курти, по средбите во Брисел.

Вечерва Петер Стано, портпарол во дипломатската служба на ЕУ, ја демантираше изјавата на Курти.

-Сите наводи дека ЕУ се откажува од предлогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој е поддржан од Германија, Франција и САД, се невистинити. ЕУ и натаму целосно стои зад овој предлог и ги охрабрува страните да се договорат за текстот штом бидат подготвени да и докажат на меѓународната заедница дека се способни да одберат европски решенија, напиша Стано во демантот испратен до новинарите.

Понатаму портпаролот во име на Борел додаде дека “она што е сега клучно“ е да се избегне ескалација.

-Ова бара веднаш акција од двете страни – Косово да не пишува казни, а Србија да не издава КМ регистарски таблици. Не може да има никакви преговори ако е присутна заканата за насилство, додаде Стано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово