Стабилноста и развојот на регионот на Западен Балкан се од стратешка важност за Европската унија, порача денеска словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец.
– Западениот Балкан и ЕУ имаат иста цел, а тоа е државите од регионот да станат полноправни членки на Унијата. Таа цел не се промени долго време. Важно е да се биде активен и постојано да се нагласува користа од проширувањето, како за ЕУ, така и за регионот, потенцираше Ерјавец во Саарево.
Тој нагласи дека за регионот на Западен Балкан е многу важно Босна и Херцеговина да имаат добри односи со своите соседи и да презема активна улога во промоцијата на регионалната соработка.
– Светот во кој живееме бара поврзување, дијалог на сите нивоа. Политичката соработка мора да биде конкретно надградена во областа на земјоделството, инфраструктурата, културата, соработката на младите и давање на поддршка на нивната позитивна перспектива. Верувам дека Србија и Босна и Херцеговина се држави во регионот кои добро го разбираат тоа, нагласи Ерјавец, кој на последните средби на лидерите на земјите од Европската унија укажа дека е можна нов дестабилизација на Балканот.
Тој меѓутоа, истакна дека не сака да одредува само една критична точка на Балканот, бидејќи тоа не е чесно.
– Државите во регионот поради заедничкото минато и познатите историски факти се исклучително тесно поврзани. Отворените прашање се она што денес најмногу ги оптоварува меѓудржавните и меѓуетничките односи во регионот. Поради тоа посебно ме радува што токму Сараево пред неколку денови беше домаќин на самитот земјите од Западен Балкан, објасни Ерјавец.