Ерјавец не знаел дека Словенија е на листата на Стејт департментот во борба против ИД

Од:

Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец изјави денеска дека не знаел дека Словенија ќе биде ставена на листата држави сојузници на САД во борбата против Исламска држава, и ја исклучи можноста за ангажман во можните воени операции против терористичката организација.

– Мислам дека не би имало никакви проблми ако како министер претходно ме известија за ставањето на Словенија на списокот на Стејт департментот, истакна Ерјавец и додаде дека тоа ќе му го каже на американскиот амбасадор во Љубљана Џпзеф Мусомели.

– Словенија, ниту во кој било случај нема да учествува во воениот дел на операцијата против ИД, но е приврзана во борбата против тероризмот на различни начини.

Ерјавец додаде дека степенот на загрозеност на Словенија од екстремизам во моментот е многу низок.

Како пример на подготвеност државата да работи на сузбивање на исламскиот екстремизам ја наведе вчерашната акција во која полицијата кај два исламистички симпатизери во Љубљана и Врхника изврши претреси и заплени големо количество оружје.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски