Ердоган: Засекогаш ќе бидеме на Кипар

Од:

Повлекување на турските сили од северниот дел на Кипар не доаѓа во предвид, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, наведувајќи дека Атина и кипарските Грци и понатаму имаат „различни очекувања“ во однос на кипарските Турци за прашањето за решавање на проблемот со поделениот остров.

Тој наведе дека кипарските Турци „интензивно работат“, но грчката страна повторно избегнува решение за Кипар.

– Јасно им порачавме на Кипар и на Грција дека не треба да очекуваат решение без Турција како гарант. Таму вечно ќе бидеме, посочи Ердоган по петочната молитва во Истанбул.

Неговата изјава уследи еден ден откако преговорите за Кипар во Женева завршија без постигнуавње договор, но беше ветено дека ќе продолжат на ниво на експерти на 18 јануари.

Составот на учесниците на средбата на 18 јануари ќе биде ист како и на вчерашната средба во Женева – претставници од ОН, на двете заедници на Кипар, Велика Британија, Грција, Турција и на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди Кипар