Ердоган во Турција тужи грчки новинари поради навредливата насловна страница

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднел кривична тужба против четворица уредници и новинари на грчки весник, поради навредлива насловна страница, јавуваат турските медиуми.

Државната новинска агенција Анадолу објави дека адвокатот на претседателот, Хусеин Ајдин, ја поднел тужбата вчера, околу насловната страница на десничарскиот грчки весник Димократиа, која беше објавена на 18 септември.

Насловот „Siktir Git Mr. Erdogan,“ кој на турски значи „Оде*и господине Ердоган“, беше објавен веднаш до фотографија од турскиот лидер, заедно со англиски превод.

Во тужбата поднесена до Јавниот обвинител во Анкара, Ајдин ги опишува како „осомничени“ четворицата вмешани: Манолис Котакис, авторот на статијата, уредниците Андреас Капсамбелис и Јоргос Јатрудакис, како и главниот уредник на весникот, Димитрис Ризулис.

Обвинитеството отворило истрага против весникот откако ја примило пријавата од претседателот Ердоган, јавуваат турските медиуми.

„Имајќи го предвид молчењето на грчката јавност, сфаќаме дека овој морален колапс не е ограничен на маргинални сегменти,“ се вели во тужбата.

Пцуењето е јазикот на оние што немаат да кажат ниту збор или оние кои имаат, но се неспособни да разговараат на пристоен јазик, се додава во документот.

Турското Министерство за надворешни работи веќе го повика грчкиот амбасадор околу насловната, која исто така е објавена и на веб-страницата на весникот.

Во одговор на тужбата од Анкара, грчкото МНР издаде соопштение во кое вели дека слободата на изразувањето е целосно загарантирана во земјата-членка на ЕУ, но додаде дека „употребата на навредлив говор е спротивна на политичката култура на нашата земја и може само да се осуди“.

Последните случувања доаѓаа откако двете земји-членки на НАТО се најдоа во нов, жесток судир околу енергетските истражувања во водите на Источниот Медитеран, на кои и Грција и Турција полагаат право.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години