Ердоган: „Турција подготвува нов проект за доброволно враќање на еден милион сириски бегалци“

Од:

Турција подготвува нов проект што ќе овозможи доброволно враќање на еден милион сириски бегалци во нивната земја, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.

– Проектот ќе се реализира наскоро со поддршка на националните и меѓународните невладини организации, рече Ердоган на церемонијата за инаугурација на новите куќи изградени во Идлиб во северна Сирија.

Ердоган присуствуваше на церемонијата преку видео-врска.

Тој рече дека „откако Турција ги започнала своите прекугранични операции во 2016 година, околу 500.000 Сиријци се вратиле во безбедните зони во северна Сирија“, пренесе Анадолија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски и Ердоган ќе потпишат политичка декларација за основање на Совет за соработка

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе