Ердоган: Турција почна со операција против Исламската Држава во северна Сирија

Од:

Турција почна со операции во северна Сирија насочени кон ИД и сириски курдски борци за да стави крај на нападите по турската граница, објави денеска претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

– Во четири часот утрово почнаа операции во северна Сирија против терористички групи кои постојано и се закануваат на нашата држава, како ИД и ПДС – нагласи Ердоган. Притоа тој мислеше на Исламска држава и сили на сириската курдска Партија Демократски сојуз.

Лидерот на ПДС, Салех Муслим, објави на Твитер дека Турција ќе биде поразена во Сирија како и Исламска држава. Анкара ја смета партијата на Муслим, која се бори против ИД со поддршка од САД, како закана заради врски со курдски бунтовници кои се за автономија во Турција.

– Турција е во сириското мочуриште. Ќе биде поразена како ИД – објави Муслим на Твитер на турски, арапски и англиски јазик.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

22 мртви во нови напади во Сирија, град во близина на Дамаск отсечен од светот